|
Фабриката „Јавор Река“
- Кавадарци е основана во 1990 год. Уште од самиот почеток се
занимава со експлотација на шуми и примарна преработка на дрвото. Во
ова е вклучено: сечење, дотур, транспорт и преработка. Нашите
производи се: даски, греди, талпи, штафни, летви и производи по
спецификација
( нарачка ).
Нашиот машински парк се состои од следниве машини:
1. Гатер ( капацитет на бичење 13м3/смена )
2. Брента ( Капацитет на бичење 8м3/смена )
( забелешка: Машините се нови и во добра состојба )
3. Машини за примарно раскројување
- штуцер ( моќност: 4.5 kW )
- повеќе листен циркулар ( моќност: 27
kW )
- бонсек ( 3 парч. )
- циркулар за разбичување на ситниот отпадок
( моќност: 5 kW
)
- автоматски пиштоли за ковење ( пневматски ).
|